26/06/2026
Пристигнување до хотел Амбасадор!
Поради пуштање на новиот надвозник кај нас. Подмоље (кај бензинската станица „Макпетрол“) којшто ги поврзува стариот пат Охрид-Струга со нас. Подмоље изменет е возниот режим за пристигнување и заминување од нашиот хотел. Следете ги следниве насоки.
1. Охрид - Х.Амбасадор
Доколку доаѓате од Охрид и возите по стариот пат Охрид-Струга, вртите десно на новиот надвозник(којшто поминува покрај бензинската станица „Макпетрол“), го преминувате автопатот и вртите десно на локалниот пат.
2. Охрид - Х.Амбасадор
Возите по новиот автопат во правец Охрид-Скопје, вртите десно на клучката кај „Св.Еразмо“, се уклучувате на стариот пат Охрид-Струга и вртите десно на новиот надвозник(којшто поминува покрај бензинската станица „Макпетрол“), го преминувате автопатот и вртите десно на локалниот пат.
3. Струга - Х.Амбасадор
Возите по стариот пат Струга-Охрид, вртите лево на новиот надвозик(којшто поминува покрај бензинската станица „Макпетрол“), го преминувате автопатот и вртите десно на локалниот пат.
4. Струга - Х.Амбасадор
Возите по новиот автопат во правец Струга-Охрид, на клучката кај Св.Еразмо вртите десно и се приклучувате на стариот пат во правец Охрид-Струга. Возите по стариот пат, вртите десно на новиот надвозник(којшто поминува покрај бензинската станица „Макпетрол“), го преминувате автопатот и вртите десно на локалниот пат.
5. Скопје - Х.Амбасадор
Возите по новиот автопат во правец Кичево-Охрид, на клучката кај Св.Еразмо вртите десно и се приклучувате на стариот пат во правец Охрид-Струга. Возите по стариот пат, вртите десно на новиот надвозник(којшто поминува покрај бензинската станица „Макпетрол“), го преминувате автопатот и вртите десно на локалниот пат.
5. Охрид/Струга - Х.Амбасадор
Доколку возите по новиот автопат во правец Охрид - Скопје и по некоја случајност го промашите исклучокот кај клучка Св. Еразмо, продолжувате на клучката кај Охридскиот Аеродром и се исклучувате на истата во десно, вртите десно на новоизградениот пат и по истиот пристигнувате во Х. Амбасадор