18/06/2026
🏛️ Успешно реализиран VI Конгрес на физијатри на Република Македонија со меѓународно учество
Со особена чест бевме домаќини на VI Конгрес на физијатри на Република Македонија со меѓународно учество, кој се одржа во конгресниот центар на Inex Olgica Hotel & Spa во Охрид.
Настанот обедини истакнати медицински професионалци, предавачи и учесници од земјата и странство, создавајќи одлична платформа за размена на знаења, искуства и најнови достигнувања во областа на физијатријата.
Им благодариме на организаторите за укажаната доверба, како и на сите учесници кои беа дел од овој значаен медицински настан.
✨ Горди сме што Inex Olgica Hotel & Spa повторно беше домаќин на еден настан од ваков ранг и значење.
📍 Inex Olgica Hotel & Spa, Охрид