16/10/2026
Ни значи кога во Вевчани се организираат настани што отвораат важни прашања и собираат луѓе со заедничка цел 🤍
Овојпат, во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, се зборуваше за зачувувањето на рисот и особено ни е драго што вакви теми добиваат внимание токму во Вевчани, првата зелена дестинација во Македонија.
А нам ни припадна убавиот дел - да ги пречекаме учесниците со традиционална трпеза. Благодарни сме што бевме дел од оваа средба и се надеваме дека овој прекрасен простор во Вевчани ќе биде домаќин на уште многу вакви настани, изложби, презентации и работилници.
Мултикултурен Центар "Коста Србакоски" Вевчани
Vevchani Green